Промовиран зборникот на велешките поети

Петар Печков

 Клубот на поети ,,Коста Солев Рацин,, од Велес  го издаде по четврти пат  зборникот ,,Велешки поетски пулсирања,,. Во него се застапени членовите на клубот како  и поети кои потекнуваат од Велес а живеат а работат надвор  од него.  Во клубот активно работа 25 автори. 

 Изборот на песни го прават самите автори, кои ни ги праќаат своите дела, свои две лични творби, кои според нив се најзначајните од нивното годинешно творештво.   Исто така ни испратија и своја мисла, со која го искажуваат ставот кон животот.   Овој зборник е трајно дело, бидејќи тука се собрани сите кои творат во гардот – изјави Лила Арсова претседател на  Клубот на поети ,,Коста Солев Рацин,,. 

  Во зборникот  објавени се песни на 37 автори.  Меѓу нив се и авторите кои се родум од Велес а живеат во други држави,   Ице Најдовски Перин  и  Нова Младеновски  и двајцата од  Австралија, Вера Самарјанин од Италија и Соња Таировска Ѓурчак од Германија а со чија финансиска  помош се издадени,,Велешки поетски пулсирања,, . Со свои песни во зборникот застапени се и подмладокот на клубот, средношколци од Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати