Промовирана поетската книга ,,Мисловна вртелешка,, од Светлана Босилкова Далевска

Петар Печков

Во медиотеката од Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес беше  промовирана  поетската книга „Мисловна вртелешка“ од Светлана Босилкова Далевска. Промотивен говор за книгата имаше проф. д-р Димитар Пандев.

Самиот наслов и поднаслов упатува на рефлексивна поезија, но и на еден стар вид поезија ,,будници,, нешто што денес ни е неопходно во ова време на живеење.  Поезијата во оваа книга произлегува од сите пет сетила и во неа сите тие се вклопени. Зад ,,Мисловна вртелешка,, стои автор со големо животно искуство  кое е стекнато по аптеките на животот. Не за џабе оваа книга го носи насловот ,,вртелешка, бидејќи се во животот врти во извесен круг, независно од каде сме почнале и што сме направиле, се навраќаме на темите од детството - рече промоторот Пандев. 

Збирката поезија ,,Мисловна вртелешка,, е со поднаслов  ,,будилка за сетилата,,  и е поделена четири циклуси и во неа авторката ги опејува егзистенцијалните теми, има љубовна поезија и родољубива.  Ова е втора книга на Далевска во која има застапено 45 песни, првото дело беше романот ,,Лавица на жица,, издадено минатата година. 

Се решив за поезија, оти тоа е специфична форма, за која подготовки и планови нема. Се раѓа од момент, од мисла, од миг, се лови од секвенци од животот. Мојот почеток со поезијата беше настан кој силно ме потресе, моите сетила да седнам и да напишам. Беше кога почина мојот другар од најрано детство д-р Мило Трајков и ја напишав ,,тешко сфатливо,,. Потоа како да се отвори менталната визија, се редеа песни и се случи чудо  - рече Далевска.

Таа  живее во Регенсбург  Германија а дел од својот живот го минува во родниот Велес. Организатор на промоцијата беше Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, а со промоцијата се одбележа 21 февруари, денот на мајчиниот јазик.   Извадоци од книгата читаше професорката Светлана Ќулумова а настап имаше и Благоја Пановски Оршата.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати