Петар Печков
Објавено: сабота, 11 ноември 2017
Како дел од свеченостите по повод Денот на Општината 9-ти ноември, вчеравечер во ликовниот салон беше промовирана стихозбирката ,,Трето око,, на Павлина Климкар Меанџиева. Тоа е нејзина 24-та книга. Таа е член на Друштвото на писатели на Македонија.
Со оваа канга авторката ги заокружува четирите децении работа и творење, од нејзиното книжевно творештво. Таа на најубав начин покажува дека литературата не е задача ан денот туку долгорочна творечка стратегија . Од првата творечка објава 1978 на ,,Тивнеења,, , павлина четири десетлетија опстојува во македонската литература сок еден сопствен ракопис со свои теми и мотиви, автохтон поет која си игра со зборовите, ги премерува и секако преставува не само во македонското женско поетско писмо туку и во континуитетот на македонската литература значајно име. Таа со Тихо Најдовски е највелешкито поет - рече промоторот д-р Васил Тоциновски.
Четири децениското работење Павлина Климкар Меанџиева преточи дел од него во најновата стихозбирка.
Во ова книга нудам дел од мојата живот мудрост , зборувам за интуицијата која ја именувам како трето око . Таа ме води да одам напред или стој размисли па продолжи. Интуицијата е вродена само секој не ја препознава и не го почитува тоа трето око. Јас го носев долго и го чувствува. Работата, со оглед на моите здравствени проблеми, ми го исполнува денот, ме храни, ми дава волја за живот, надевај се бори се - рече авторката Климкар Меанџиева.
Промоцијата беше во организација на клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,, од Велес. Таа неодамна, токму од овој клуб ја доби наградата за животно дело ,,КолеНеделковски,,.