Промовирана брошурата за Пампикот

Петар Печков

Панче Ќурчиев викан Памипкот ја промовираше брошурата посветена неговиот живот  ,,Легендата на градот Велес,,.  На 2-тина страници повеќе со фотографии е илустриран животниот пат на Пампикот, кој за себе вели дека е спортист, музичар и актер.  Тој изрази благодарност што на промоцијата дојдоа многу поранешни спортисти, но изрази жалење оти  ги немаше музичарите и актерите.

 На овие дваесетина страници е содржан мојот живот, од 1952 кога вујко ми за прв пат ме однесе на фудбал на Горски. Во 1955-та со Гравчеви давав пиеси во Соколаана, а од 1965 кога ги слушавме Битлси и Ролингстони, ние слушавме Радио Луксембург и Радио Монте Карло и започнав со музика. Има и настани како пензионер, бидејќи сум уште активен. Какао статист учествував во снимањето на кадри од капетан Леши. Ние бевме   група каури кај Орде апашот а други беа  кај Качарот, група Турци подолу и се тепавме со патлиџани   -   рече Ќурчиев.  Во брошурата пишува кога се донел во Велес, во Градското кино да има концерт, тоа се најзвучните имиња од тоа време.    

 Димитар Вилазорски беше промотор кој кажа:

Оваа брошура е мала по обем но голема по значење, зошто  во неа се состојат сите успеси на овој човек , надарен од Бога со ентузијазам, но полн со љубов кон уметноста и кон театарот, музиката и пред се кон спортот - рече Вилазроски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати