Прифатена реакцијата на сопствениците на тезги со непрехранбени стоки, а имаат фирми, да се дислоцираат на долниот дел на пазарот не на паркингот

Петар Печков

Решен е проблемот со продавачите на текстил, железарија, керамика,  кои со најавената реорганизација на Градскиот пазар, треба да се дислоцираат од горниот дел, каде сега продаваат.  Предвидено било сите кои се бават со ваква дејност а продаваат на делот кој наскоро треба да се гради, покрива, да се дислоцираат на паркингот спроти салата Благој Кирков.

Но ова решени за дел до продавачите не било прифатливо. Реагирале лицата кои имаа фирми, и од тоа живеат, па барале да се најде место на долниот дел до пазарот, каде ќе се симнат сите одгледувачи на земјоделски производи, кои имаат тезги на горниот дел. Во понеделникот, пред седум дена, тие организирале и протест пред зградата на Општина Велес.  

„Нашиот предлог и на ЈКП Дервен беше тезгите со непрехранбени производи на одат на паркингот  меѓу мало Мовче и кафеаната Пармакот. Дел од продавачите, кои имаат регистрирани фирми, не се согласија со ова решение.  Имав средба со нив, тие сакаат да останат на долниот дел од пазарот. Нивниот аргумент е дека имаат фирма, плаќаат давачки кон државата и сакаат да имаат предност пред другите продавачи на пазарот, кои немаат фирми. Ова нивно барање од страна на Општинскиот кризен штаб беше прифатено, но со реорганизација на долниот дел од пазарот“ - рече градоначалникот Аце Коцевски.      

Вкупниот простор на паркингот, кој времено, додека се гради горниот дел од пазарот, ќе биде пазар,  е  3,1 м2 на кој ќе бидат поставени 106 тезги, просторот ќе биде заграден, ќе има чешма и санитарен јазол.

Градоначалникто Коцевски соопшти дека Општина Велес го склучила договорот со  фирмата „БАУЕР БГ ДОО од Скопје која го доби тендерот за изградба на Покриениот Градски пазар, фаза 2 односно горната платформа на пазарот.

„Фирмата изведувач на градежните зафати треба до нас да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, во износ од 10 % од вкупната вредност на зафатот. Штом ќе ја добиеме банкарската гаранција, изведувачот ќе биде воведен во работите“, рече  Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати