Пристапот до Хабитат зградите, опасност по станарите

Петар Печков

 И натаму приодот до  населбата Хабитат е  по каллив и неосветлен пат.  Иако зградите се одамна годови, пред  три години,  пристапот до нив никако д се среди. Освен што улицата Невена Георгиева Дуња е земјена и каллива, таа е и неосветлена, па станарите мака мачат за да стигнат до нивните домови.

 Иако беше ветено дека до крајот на годинава ќе биде решен проблемот со пристапниот пат, тоа не се случи. Најавите беа дека таа е во планот за работа во  2014-та. Децата сега зиме, кога се враќаат од училиште, доаѓаат по темнина, ништо не се гледа, бидејќи улицата не е осветлена. Кога ќе падне дожд таа е и каллива. Нашето прашање со години се одолговлекува, иако ова е странска инвестиција, зградите се од американскиот Хабитат - велат станарите од населбата Хабитат. освен четирите згради, привршува изградбата и на новата, чии станови  наскоро ќе биде понудена на продажба. Во ваквата состојба можат да се уверат и бројните гости, од цел свет кои доаѓаат тука како волонтери да учествуваат во изградбата на новиот објект. Неодамна се случил и инцидент, кога една од станарките тешко се повредила

 Комшивката одела на работа наутро, ама во калта се лизнала, паднала и ја скрши ногата. Ете и тоа го дочекавме. не заеме што уште треба да  биде , за да го изградат и осветлат овој пристапен пат. Тоа што бараа, соседите од долната страна и го сторија, ги отстранија депониите со пластичен шут, како што бараа од локалната власт. Сега нема никакви пречки да се сработи ветеното - велат станарите. Од локалната власт најавија дека следната година овој проблем ќе биде решен.

Прво треба да се изгради потпорен ѕид. Наредната година ќе биде  комплетно уреден приодот, поставено светло и дополнително ќе решиме дали ќе се асфалтира, цементира  или ќе се постави бехатон плочки  - изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати