Признанија за најхуманите, за 17 март

Петар Печков

Доделени беа  признанија за постигнати резултати во крводарителството и  повеќекратно доброволно дарување крв, по повод 17 март Ден на Црвениот крст на Република Македонија и Ден на доброволното дарување на крв.

За 100 пати дарувано крв плакети добија  Димче Арсов, Ѕвонко Карталов и Петре Митревски. За 75 пати дарувано крв Даниел Митрев, Слободанчо Петрушев и Тодор Хаџиристов.  Плакета, во знак за благодарност за 50 пати дарувано крв им се додели  на Илија  Станков, Костадин Саздов, Ифтим Ангелов,  Ангелче Петровски, Виктор Јамалов, Горан Трајковски, Ѓоре Петков,  Игор Николовски, Небојша Ивковиќ,  Тони Игневски.

Димче Арсов има дарувано 102 пати и е вработен во фабриката за шински возила ,,Колска,,. 

Прв пат дарував 1987-ма гдоина  кога бев војник во Куманово и од тогаш до сега сум    постојан дарител. Ги повикувам младите да покажат хуманост, тоа е голем квалитет   -вели Арсов.

И Ѕвонко Карталов има досега дарувано 102 пати крв.

Почнав да дарувам 1985-та годин и досега сум  редовен крводарител. Мој тогашен   колега даруваше крв, реков и јас ќе  дарувам. И од тогаш , секоја година по неколку пати дарувам крв. Има  луѓе  на кои им е  навистина потребна и затоа е потребно да даруваме - вели Карталов, кој започнал да дарува на 19 годишна возраст. 

Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството  и значаен придонес за исполнување на општинскиот и републичкиот план за крводарителство во 2017 година благодарници добија „БРАКО“ Велес, ОУ „Блаже Конески“ Велес,  Населба Градско, Елизабета Николовска.

По повод 17 март,  имаше органзиран тематски литературен конкрус  на кои  победија- за средни училишта - Филип Величковски од ,,Коле Неделковски,,, , за 6-то до 9-то одделение  Бојана  Спасовска  од  ОУ Стојан Стојчевски Буридан од Иванковци и од  3-то до 5-то одделение Јана Трипуновска од ОУ Васил Главинов,

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати