Признанија за најдобрите просветни работници за 2017-та година

Петар Печков

По повод Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј , 24 мај, локалната власт им оддаде признанија на најдобрите преосветени работници во општината за учебната година што изминува, 2016/17.

Наградата најдобар наставник во одделенска настава во Општина Велес за 2017 година ја доби Зилха Биберовиќ, а за најдобар наставник во предметна настава во Општина Велес за 2017 година  Тања Николова, наставник по германски јазик, и двете од ОУ  ,,Рајко Жинзифов,, од Горно Оризари.

Наградата најдобар наставник во средно образование за 2017 година оди во рацете на Оливера Левкова, професор по математика во Гимназијата „Кочо Рацин“.

Празникот на просветителите за Велес има посебно значење затоа што токму во Велес е отворено првото училиште на македонски јазик, во Велес се наоѓа најстарото училиште во Македонија, Велес е лулката на писменоста во Македонија – изјави Елизабета Јовчевска од локалната  власт, која е организатор на настанот. 

Ова признание го постигнав со годините и работа вложени во образованието повеќе од три децении. Наградата е заедничка со учениците, благодарение на нив. Признанието ми значи, по толку години работа, вложувања , труд, напор. Низ сите овие години образование се  менуваа учениците, нивните навики, се менував и јас.. Има ученици кои учат, некои помалку, така било отсекогаш . Но секогаш има солидни ученици  - вели   Оливера Левкова професор во Гимназијата, која во образованието е 34 години.

Во денешно време не е тешко да се всади љубовта кон овој странски јазик. Приликите  во општеството се познати, со повеќе љубов, работа и трпение  се успева.  Учениците сакаат да учат, им треба , секогаш може повеќе - рече   Тања Николова професор  по германски јазик, која го предава  12 години на учениците од прво до деветто  одделение во ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари.

Овој позив за мене е вистински благослов, што значи да се биде со стотици ученици, да партиципираш во нивното напредување, освојување на нови знаења, чест е за мене да се биде меѓу најмладите, најмалите.   Кај нив е присутна детска палавост, но мора да постои толеранција. Ова признание за мене е  потстрек за уште поголеми успеси и резултати -  објасни Зилха Биберовиќ која како просветен работник на учениците им  ги дава првите знаења во  животот и ја всадува љубовта кон образованието. Таа во образованието работи 29 години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати