Приватните доктори од Велес без плати, оти нема исплатено капитација

Петар Печков

Матичните доктори од Велес, немаат добиено капитација за месец јуни, поради што поголем дел од приватните амбуланти не исплатиле  плати за месец август. Според договорот со Фондот на здравство, секој месец треба да се исплатува  надомест за реализираната работа. Во Велес само пет амбуланти, од 36 добиле пари  и тоа на 18-ти септември, останатите заклучно со 29-ти не. 

  Поради ова тие се собраа на заеднички состанок,  да го искажат нивниот револт и незадоволство од третманот на надлежните државни институции.  Така 55 доктори и уште 200  медицински сестри, лаборанти и останат медицински персонал не добиле плата за август.

Бидејќи матичните доктори не наплатуваат за реализираните прегледи и ако државата не исплати, тие се наоѓаат во мошне тешка, незавидна  финансиска состојба.. Така на дел од приватните доктори им се исклучени телефоните, немаат интернет,  и тие не се во можност да даваат електронски  услуги, закажуваат прегледи. Ваков  третман  докторите не заслужуваат, затоа што тие понесоа голем товар од примената на  новините во здравството и тоа го направивме со наши средства. Да потсетам дека капитацијата не е плата, туку средства со кој приватните лекари ги исплатуваат сите давачки  – рече д-р Лили Дервишева Чолакова.

Уште минатата седмица, при нејзината средба со првите луѓе на Фондот, Министерот за здравство таа ги информирала дека во Велес најголемиот дел приватни ординации немаат добиено ниту денар во месец септември, а тоа е   капитација за јуни.

Ако веќе недостигаат средства во Буџетот, тогаш е време да се смени начинот на исплата кон докторите, нека биде комбиниран – рече д-р Чолакова. 

Таа како претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија, не добила досега реакција дека во некој друг град од земјава се случува нешто слично, не е исплатена капитацијата.  Приватните доктори од Македонија во неколку наврати годинава јавно бараа враќање на партиципацијата која ја плаќаа пациентите или зголемување на  вредноста на капитација, бидејќи се судрувале со серозни финансиски проблеми во работата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати