Пренамена на дел од велешкото кино

Петар Печков

Во тек се градежни активности на предниот дел од зградата на некогашен Синдикат, таму каде беше влезот од киното 11-ти Октомври. Просторот се преадаптира со цел да се добијат нови простории за дуќани. Целта е тие да се изнајмат а собраните средства ќе се користат за адаптација на кино салата.

Се врши преадаптација на просторот. Се добива нов деловен простор  кој на јавен повик ќе се изнајмува.  Наемнината  ќе се користи за уредување на внатрешноста каде  е кино салата. Така рационално ќе ги користевме и средствата и просторот. Секако дека кино ќе има, но не со така голема сала како што беше претходно со 600-700 седишта бидејќи тешко ќе се наполни.   - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

Овие градежни работи треба да завршат до почетокот на октомври, кога  четирите дуќани ќе бидат завршени и потоа изнајмени. Реконструкцијата на кино салата е предвидена за следната година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати