Преку ноќ киоскот стана дрвена колиба

Петар Печков

Овој времен објект во центарот ан Велес преку ноќ доби нов лик. Без никаква дозвола сопственикот од црвена пластична трафика, создаде дрвен киоск. Се разбира како и секогаш се сработи преку викенд, кога немаше инспекција.  На изненадување на минувачите,  изведувачите работеа неуморно и создадоа нов лик, дрвена колиба  на овој времен објект.  

 Ова е дива лига, секој работи како што му е кеф. Не се почитуваат законите, одлуките. Надлежните мора да преземат брза акција оти вакви случаи можат само да се множат - велет велешани кои секојдневно минуваат покрај киоскот.

Но надлежните сепак реагираа и испорачаа барање до сопствениците да го врата во првобитната состојба.

 Овој киоск нема никаква дозвола да се преуредува. Се е сторено на диво, самоиницијативно, сменет е неговиот  лик. Надлежните доставија решение тој да се врати во претходната состојба во даден временски рок - изјавија од општина Велес.  

 Поради местоположбата овој киоск е интересен за користење, иако повеќе не работи отколку што е во функција. Пред  неколку месеци, сопствениците исто така без дозвола од локална власт направија пилјарница со тезги на тротоарот, по што истите беа отстранети.  Јавноста сега чека да види за колку време  од овој киоск ќе биде  почитувана одлуката на надлежните инспекции, и отстранета дрвената граѓа.  

 За решавање на овој проблем локалната власт донесе план каде и кои времени објекти ќе останат во градот и тие да вршат строго наменска работа, продажба на весници и цвеќари, друго не. Останува да се сочека да се распише огласот за да може заинтересираните да се пријават и тие објекти да продолжат со работа.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати