Првите три месеци од годинава во Велес собрани 3,9 т електричен и електронски отпад

Петар Печков

Голем интерес покажаа велешани за пролетната акција за чистење на домовите од габаритен отпад.  Се спроведе од 10-ти март  до 10-ти април  и  вообичаено  се изведува во пресрет на Велигденските празници, и традиционалното чистење на домовите од непотребни работи.

Во овој период од еден месец биле собрани 150 м3 отпад., што според организаторот Општина Велес и ЈКП Дервен, било два  пати повеќе од лани, кога биле собрани 70 м3. 

Собраниот отпад е депониран на посебно определен простор на градската комунална депонија. Дел од акцијата беа 112 домаќинства кои пријавиле во ЈКП Дервен потреба од предавање на габаритен отпад .

Резултатите се доказ дека свеста на граѓаните полека, но сигурно се менува – велат од локалната власт.  Бројките покажуваат дека ЈКП Дервен од овие домаќинства превземал 53 кревети, 26 душеци, 9 троседи, 5 двоседи, 9 фотелји, 6 шифоњери, 1 плакар, 5 регали, 3 витрини, 1 спална, 1 кујна, 10 теписи, 3 кади, 13 врати, дрвениарија, ролетни и многу парчиња ситен мебел.

Со оваа акција од домаќинствата истовремено  се собирал и електронски и електричен отпад и тоа: 27 телевизори, 6 компјутери, 10 фрижидери, 4 шпорети, 5 печки, 3 микрорерни,  2 видеоплеери, 2 машини за перење, 4 бојлери кои се предадени на овластен колективен постапувач. 

Во првото тромесечие  на 2017 год. од физичките и правните лица во Велес  биле  преземени 3,9 тони електричен и електронски отпад.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати