Првиот ден собрани 169 крвни единици

Петар Печков

Уште еден масовен одѕив на велешани на големата летна крводарителска акција. Првиот ден собрани се 169 крни единици. Во просторијата на  ликовниот салон од 7,30 до 14 часот имаше постојано редици на крводарители кои решија да ја даруваат скапоцената течност. И овој пат велешани покажаа голема хуманост и несебично ја подадоа  раката.

На овие летни горештини собравме 169 крни единици, тоа е одлична количини. Крводарителите од градот, пред се младите покажуваа висока степен на хуманост што може да радува, бидејќи крводарителството има иднина. Бројката е одлична оти изминатиот месец во Велес и велешко имавме повеќе акции, така што овие 169 единици се за почит  – изјавија од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кој заедно со Општинската организација на Црвениот крст го организира оваа летна акција.

Сите кои даруваа крв добија по еден сендвич и учествуваа во наградната игра каде имаше различни добивки.  Таа продолжува и утре, на истото место.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати