По 12 нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко и исто толку оздравени

Петар Печков

Дванаесет нови случаи на позитивни на ковид-19 во велешко исто толку оздравени. Ова е здравствениот биланс за состојбата со ковид-19 изминатите 24 часа, која ја соопшти Министерството за здравство. Така бројот на активни случаи во велешко останува непроменет, ист како вчера 275 лица.  

„Бројот на хоспитализирани пациенти во велешка Болница, на трите ковид одделенија 69  пациенти, од нив 37 се згрижени на Инфективно одделение, седум  на Интерно и 25 пациенти во Модуларната болница. Од вкупниот број  48 се потврдено позитивни, 18 се негативни на вирусот но се задржани на болничко лекување поради компликации, сомнителни се тројца пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти“ - кажа на претпладневната прес конференција градоначалникот ан Велс, Аце Коцевски.

Пациентите кои се хоспитализирани  во велешката болница, 30 се од Велес, 25 се од Свети Николе, десет се од Јаболчиште и по еден пациент од Горно Оризари, Бузалково, село Виничани и селото Криволак.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати