Поставувањето летниковци, активност на локалната група Вардар Лидер

Петар Печков

Деновиве заврши  поставувањето на два летниковци  на врвовите на ридот Вршник и ридот Св. Илија. ова од причина што  истите се  потенцијалните излетнички места за велешани. Активноста е на локалната акциона група „Вардар ЛЕАДЕР“

„Со ова љубителите на природата и планинарењето ќе имаат повеќе избор за рекреација во слободно време .Во близина на летниковците ќе бидат поставени и по четири столбови  со фотоволтаични светилки на сончева енергија со што овие места ќе бидат осветлени и граѓаните ќе можат да ги посетуваат и во вечерните часови“ - информираа од Општина Велес.

Дополнително, десет столбови за осветлување ќе бидат поставени и во општина Градско, на излетничкото место Подлес. Ист летниковец беше поставен и во населба Чашка, со што завршуваат проектот на Локалната Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР која спроведува проектни активности на територија на овие три општини.

Проектот  е поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој  за 2019 година, преку  Министерството за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати