Помалку сообраќајки, повеќе починати на патиштата во велешко

Петар Печков

Минатата година на велешките патишта имало помалку сообраќајки, споредено со 2015-тата но имало повеќе загинати. Ова се бројките од  информацијата на СВР Велес за нивата работа минатата година.  

Така лани биле регистрирани вкупно 336 сообраќајки споредбено со 391 во 2015-та. Во нив, во 2016-та имало осум загинати лица наспроти пет,  година претходно. Од овие 8 починати   петмина се возачи, двајца сопатници и еден пешак.  Во овие сообраќајки имало 39 тешко повредени, најчесто возачи и со возачи и 192 со полесни повреди.

Според полициската обработка најчесто причина за сообраќајките била   не` држење на страна на движењето. Повеќето сообраќајки се случиле на отворен пат  176,  додека 164 биле во град.  

Намален е бројот на исклучени возила од сообраќај  по велешките патишта  во 2016 споредено со 2015-та. Лани биле исклучени  552, наспроти 568 година дена пред  тоа. Најчеста причина за исклучување била неисправност во 510 случаи, потоа техничка неисправност  40 и во два случаи претовар.  

И бројката на исклучени возачи лани е помлака отколку во 2015-та  630/655. Во најголем број случаи  525 тоа е поради управување без возачка дозвола а во 99 поради алкохолизирана состојба на возачот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати