Петар Печков
Објавено: четврток, 30 октомври 2025
Уапсено лице, која полицијата го сомничи дека извршило тешка кражба од продaвница во Велес. Дел од производите биле пронајдени кај велешанецот. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 29.10.2025 во 11:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Р.(34 год) од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“. Тој се сомничи дека од продажен објект во Велес, со употреба на сила и подесен алат, одзел производи. При преглед кај него биле пронајдени дел од производите и биле вратени на сопственикот“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
А.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против лицето полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
