Полицискиот час го промени патничкиот железнички возен ред

Петар Печков

Воведувањето полициски час предизвика промени во патничкиот возен ред на Македонски железници.

Наместо во 14:30 и 20:10 часот, возовите до Битола ќе поаѓаат од Скопје во 13:49, односно во 17:25 часот. Од Битола ќе тргнуваат во 5:30 и 17:45, место во 3:20 и 18:20 часот.

Од Велес за Битола ќе поаѓаат во 14,35 и 18,20 ч. од Велес за Скопје во 8 ч. и  20,30 ч.

Од Гевгелија, утринскиот воз ќе поаѓа еден час покасно, во 5:30 часот а во Велес ќе биде во 7,20ч. за Скопје .

Вечерниот за Велес нема да сообраќа во 22:40, туку во 20:40, а утринскиот од  Велес за Скопје  во 5:30, место 5:03 часот.

„Овие промени се со важност од попладнево и во следните 12 дена, додека трае полицискиот час“, соопштија од МЖ Транспорт.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати