Пожарникарите спасија куче под разрушена куќа

Петар Печков

Попладнево напуштена куќа на улица Страшо Пинџур, бр.5 се сруши. Поради врнежливото време попуштилa конструкцијата а куќата е празна повеќе од 15-тина години. Соседите стравуваат дека таа е закана и за нивните домови.

Кога куќата се срушила, во приземјето имало и куче бездомник. Тоа беше заробено под купиштата дрва и граѓа. Беше побарана помош и од пожарникарите, Љупчо и Ивица кои за кратко време стигнаа го спасија кучето од разрушената куќа.

Тоа таму беше подолго време и беспомошно цвилеше. Откако беше ослободено соседите го земаа и нахранија. По ова кучето беше згрижено од младите од здружението ,,Гласот на животните,,. Тие констатираа дека кучето има повреди на `рбетот и задните нозе, поради што мора да се носи на ветеринар. А затоа се потребни средства.Потребно е негово сместување во следните неколку дена.

Доанциии можете да испратите

ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати