Повторно седум лица со ковид-19 во Велес, активни се 80 случаи

Петар Печков

Денешниот биланс од новите случаи позитивни на ковид-19 во велешко е седум лица, оздравени нема. Информацијата е на Министерството за здравство, објавена доцна попладнево. Со овие нови случаи, во велешко има 80 пациенти заразени со корона вирусот.

Два од новите пациенти кажаа дека се заразиле од членови на семејство, се останато не може да прецизира од каде  го добиле корона вирус - кажаа од Центарот за јавно здравје Велес. 

Четворица денешните случаи се на домашно лекување, останатите сместени на Инфективно одделение

Досега во велешко се заразени со ковид-19  се 409 лица, 17 се починати а 312 се излекувани. Од активни случаи 59 се на домашно лекување, 17 на Инфективно одделение, двајца се на Инфективна клиника и двајца на Клиниката на Жан Митрев.  

На одделението има 31 пациент, 31 тројца се сомнителни, останатите потврдено позитивни, 11 се на кислородна поддршка - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Вечерва на ова одделение има 17 пациенти од Велес, 8 од Свети Николе, Неготино и Градско по два, Кавадарци и Демир Капија по еден.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати