Повредена работничка во Ронтис

Петар Печков

Во  петокот  околу 10,30 часот телефонски  од ЈЗУ Општа Болница Велес-Хирушко Одделение, во Полициската Станица Велес било пријавено дека кај нив е донесена Р.П.(55) од Велес со повреди кои ги здобила во фабриката „Ронтис“.

До повредувањето дошло откако  Р.Д.(30) од Велес, вработен како возач во истата фирма, додека управувал виљушкар, при враќање наназад ја прегазил Р.П. кој била вработена како хигиеничарка - информираа од МВР.  

Поради сериозноста на повредите жента веднаш  била пренесена во МЦ Скопје. Увид на  местото на настанот извршиле ЈО, трудов инспектор и увидна екипа од СВР-Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати