Победи за фудбалерките и кошаркарите

Петар Печков

 Успешен старт во пролетниот дел за фудбалерите на Борец  и кошаркарите на Борец Баскет. Тие победија  а двете победи се на гостувањето.  

Фудбалерките славеа во Куманово  во натпревар од Првата лига, против последно пласираниот  со 2:0. Со ова победа велешанки се качија ан шестото место со 13 бодови од 10  натпревари. Во следното дома играат со екипата на Конзули од Битола, која е трета со 22 бода. Средбата се игра в сабота во 11 ч. 

 Започнаа и  натпреварите од Втора лига, кошарка со последното коло од есенскиот дел,кое беше одложено поради ниските температури во декември. Во Кочани екипата на Борец Баскет победи против Дино Баскет со  87:80. Така по 10 кола велешани се најдоа на петтото место со 16 бодови, колку што имаат имаат Вардар Апаве и Тетекс ТТК. Во следното коло, прво од вториот дел Борец  Баскет повторно гостува, овој пат во Струга на екипата на Црн Дрим, која е 9-та со 3 победи и 13 бодови. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати