Победи за ФК Превалец и ФК Бабуна во Третата лига Центар

Петар Печков

Екипата на ФК Бабуна продолжува со победи во Третата лига Центар. Овој пат во 11-то коло победи во прилепско  Крушеане со 1:2 против екипата на Напредок која е ниско пласирана 12 од 14 екипи.  ФК Превалец на домашен терен со 3:0 славеше над соседот на табелата  Горно Коњари. Илинден  од Башино село игра слабо па  во Миравци е поразен од десетто пласираната  Младост со високи 6:1.  Денес  Илинден во Башино село  го  одигра и заостанатиот натпревар од 9-тото коло, против Слога 1976  кој заврши без победник, нерешено 1:1. Тоа беше средба на двете последно пласирани екипи  на табелата.  Во следното 12-то претпоследно есенско  коло се игра локалното дерби Бабуна – Превалец   а Илинден во Башино село ја пречекува екипата на Питу Гули од Крушево. 

Во општинска фудбалска лига се одигра заостанатиот натпревар од првото коло, се сретнаа двете последно пласирани екипи на табелата ФК Согле и ФК Форца. Победија гостите со 3:4, а екипата на ФК  Согле по првиот дел од првенството остана без бод. Првенството продолжува  напролет 

                        Т  А  Б  Е  Л  А

1. ФК ТОПОЛКА                   7   5  1   1  27: 11    16

2. ФК БАШКИМИ 2008        7   4  1  2   15:  6     13

3. ФК МАРТОЛЦИ 2007       7   4  1  2   20: 15    13

4. ФК Интернационал         7   3  3  1  20: 20    12

5. ФК ГОРСКИ                     7   3  2  2  11:  9       9

6. ФК МЛАДОСТ                  7   2  2  3   7: 10       8

7. ФК ФОРЦА НОВА            7   2  1  4   10: 16      7

8. ФК СОГЛЕ                       7   0  0  7  12 :35       0

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати