Победа за футсал екипата на КМФ Велес

Петар Печков

Во 15-тото коло на Првата футсал лига, екипата на КМФ Велес на домашен терен победи со 7:4, против екипата на  Астибо од Штип.   Натпреварот помеѓу лидеротана првенството, домаќинот  Велес и третопласираниот тим на табелата штипски Астибо,  го покажа  квалитетот на двета состави  и фаворитот лесно стигна до победата. Со тоа го задржа првото место а веќе во следното коло е дербито со второпласираната екипа на Шкупи од Скопје која е лански првак.   

Продолжи пролетниот дел од првенството на  Третата кошаркарска лига. Екипата на Борец Баскет забележа победа и порза. Се радуваше во 10-тото коло  во Гостивар против последнопласираниот Данвер со 74:88. Додека во 11-тото коло дома во салата Гемиџии загуби од лидерот  Спорт тим  од Неготино со  88:93. За илустрација гостите од  11 натпревари имаат само еден пораз. Велешани се 6-ти на табелата со 6 победи и 5 порази. Во следното коло гостуваат на четвртопласираната екипа на Дино Баскет  во Кочани. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати