Победа за одбојкарите, футсал дербито на есента не го дочека крајот

Петар Печков

Одбојкарите на Борец со победа го започнаа првенството. Дома, во салата на ОУ Блаже Конески  со 3:1 го совладаа тимот на Лешок од Лешок со 3:1 ( 23:25,  25:14, 25:22, 25:23). Во возбудлив и интересен натпревар на две екипи со сличен квалитет, велешани покажаа за нијанса повеќе умешност и победија.   Во следното коло во Струмица против истоимената екипа, поврека на квалитетите на  двете екипи. Струмица во ова коло беше слободна.  

Дерби пресметката од 7. коло во Првата македонска футсал лига меѓу екипите на КМФ Велес и Шкупи во спортската сала „Гемиџии“ во Велес не го дочека својот крај. Натпреварот беше прекинат во 31. минута при резултат 3-2 за домаќините откако навивач на Шкупи влезе на терен и физички го нападна играчот на Велес, Димче Андов. До моментот на прекинот, Дарко Ранготов беше стрелец на два гола за Велес, а Мартин Тодоровски постигна еден, додека за гостите двата гола ги постигна Ведат Арслан. Овие две екипи се на врвот од табелата на првата футсал лига.  

СВР Велес за овој настан информираа:   од страна на лицето Е.Ј.(26) од Скопје, на десет минути пред крајот на натпреварот во мал фудбал помеѓу екипите на КМФ  „Велес “ од Велес и КМФ „Шкупи“ од Скопје нарушен е јавниот ред и мир на тој начин што истиот при настанати тензии на теренот помеѓу играчите, влегол на теренот со што направил прекршок  според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување  на спортски натпревари, поради што судиите го прекинале натпреварот. Истиот е приведен во ПС Велес. 

Ракометарите на Борец загубија од екипата на Охрид дома со 20:26. Се до средината на  првото полувреме 8:8, натпреварот беше изедначен.   Потоа со серија на голови гостите полувремето го завршуваат со 11:17  а подоцна и со 13:22. За на крај да стигнат до конечни 20:26.  Најефикасен  кај домаќините беше Ордев со 5 гола а кај гостите Блажевски со 7.  По ова 6-то коло Борец е петти со 7 бода а Охрид трет со 13 бода.  Во следното коло, Борец  гостува на соседот Радовиш кој има исто така  7 бода. 

Фудбалерките на Борец во дербито на 6-тото  коло,  со скопски Драгон загубија со 1:2. Гостинките кои се лидери на табелата стигана до нови три бода, додека велешанки  со овој пораз заостанаа зад првопласираните екипи за 6 бода. И натаму  се трети. Во с ледното коло ЖФК Борец гостува во Тетово против истоимената екипа, која има три победи од шест кола.   

Конечно убедлива игра и победа за фудбалерите на  Борец во Втората лига –исток. Со 3:0 е совладана ниско пласираната екипа на  Саса од Македонска каменица.   Со головите на Пановски во 3-та и Кудијан во   14 и 29-та, велешани стигнаа до водство уште во првата третина од средбата. Таа ја задржаа до крајот на средбата.  По ова 11-то коло Борец се искачи на третото место со 20 бода и натпревар повеќе од второпласирана екипа на Брегалница Штип, која има 22 бода. Веќе в сабота овие две екипи играат меѓусебно во Штип, натпревар од голема важност за високите аспирации на Борец 1919.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати