Питијадата по 11-ти пат во Велес од 10-ти до 12- ти октомври

Петар Печков

Велешката Питијада како  манифестација годинава ќе  се одржа по  11-ти пати. Терминот е  10, 11 и 12-ти октомври. И оваа година на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев, спроти Гимназијата. До сега има пријавено 30-тина учесника од Велес и регионот, производители на пити и винарии.  Бројката на учесници се`уште е отворена може да се обезбеди штанд за секој учесник. Производите ќе се продаваат по цена утврдена од учесниците.

Питијадата се организира за да се зачува традицијата, питата како бренд на Велес, а при тоа да се презентира и добра забава за посетителите Ги поканувам граѓаните на Велес, но и граѓаните на Република Македонија  да ја посетат манифестацијата и преку негувањето на традицијата да помогнат во зачувувањето на брендот на Велес. – изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев. 

Во музичкиот дел ќе настапат – првата вечер на 10.10 (петок) од 18:00 часот Миле Кузмановски и Наум Петревски со група „Виртус“,  Ефто Пупиновски, Блага Петреска со групата „Академци“ и Нино Величковски со „Кумановски тамбураши“.

На 11.10 - сабота – во вечерните часови ќе настапи  популарниот млад изведувач Маид, домашната рок група „Ареа“ и  хрватскиот бенд  „Прљаво казалиште“

На 12.10. (недела) од 18:00 часот бината е резервирана за  Дани, Александар Тарабунов и Бени Шакири со групата „Нон-стоп“ чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.

Се разбира дека преку цел ден ќе биде организирана програма со велешки естрадни уметници  од петок од 12:00 часот па до недела до 18:00 часот.

Ќе имаме можност да ги видиме младите училишни бендови, КУД од градот, Распени велешани, основците и дечињата од градинка, но ќе ги видиме и чуеме и Соната, Коктел-бенд, Зрак, Екстрем бенд, Тренд бент, Ноншалант парадокс, Евергрин бенд, Сенатор бенд и други. Во ноќните часови по завршување на концертите ќе не забавува ДЏ Мастер Хип

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати