Питијадата од 19-ти до 21 октомври

Петар Печков

Општина Велес на нејзината веб страница информираше дека годинава Питијадата или   „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“ ќе се одржи на 19-ти, 20-ти и 21 октомври. И тоа на ул. „8-ми Септември“  од Сарамале до кружниот тек. На оваа локација се одржуваше до 2012-та.  Програмата не е објавена но се најавува   богата културно-уметничка и забавна програма.

Од локалната власт велат дека „Фестивал на велешка пита и  вино 2018,, е манифестација каде се презентира питата пастрмајлија и виното а производителите на пекарски и алкохолни пијалаци односно угостителите и винариите ќе имаат можност да го промовираат сопственото производство.

Цел на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехранбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Вардарски плански регион и Македонија, како и здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, кои ќе бидат поканети да го посетат настанот - информираат од Општина Велес. 

Тие ги повикаа велешките угостители, винарии, правни лица и регистрирани индивидуални  пекарски производители, да се пријават за учество. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати