Пет децении од матурата на Хемиска

Петар Печков

Триесетина некогашни матуранти од генерацијата која го завршила во учебната 1966/67- година, во тогашното Хемиско училиште ,,Борис Кидрич,, денес се собраа во дворот за да се дружат и потсеат на деновите и годините минати заедно.    

Од стоте ученика, во трети класа кои тогаш завршиле, на оваа средба по 50 години дојдоа третина.  Меѓу нив и класниот Александар Симсаров.

 Моите сеќавања за оваа генерација се најубави, позитивни.  Едно учевме, ама живото друго испадна, брзо остаревме, грижите не навалија. Тука сме да се потсетиме на тие млади ученички денови.  Морам да кажам дека учеа и знаеја.  Младоста и палавоста и тогаш беше присутна. Се сеќавам бевме на екскурзија низ Југославија, во Љубљана, за да има мир, машките на една страна, женските на друга. Јас во  кревет на средина, како кралот на Бетајнова на словенечкиот Иван Цанкар  - се присетува  Симсаров. 

Неговата сопруга, професорката Лидија, им предавала македонски јазик.

Ова беше моја  прва генерација која ја учев  во с редно, претходно работев  во  осмолетка. Беа многу фини деца, до душа млада бев  и јас.  Читаа, имаа разбирање,  учеа. Тие генерации има работни навики, не беа упатени со не читање.     Тогаш немаше ученик кој  не ги прочитал класиците Толстој,  Тургенев. Нивните дискусии на часовите беа прекрасни – се наврати назад Симсарова.  

Организатор на ова дружење беше  Димче Бегинов, познатиот велешки музичар.

Радосен сум што го доживувам овој  момент, што ги  гледам колегите здрави и живи и очекувам дека  убаво ќе минеме и ќе се развеселиме. Не очекував дека ќе не има волку, порано  помалку идеа, ама  важно е да се има добра волја, да с е видиш со соучениците и  да се радуваш на секој ден од животот.   Оваа генерација е никулец  на  рокенролот во Велес. Тоа сме Пепи  Стојанов, јас, Љупчо  Чауш и Ѓорѓи Андрашевски кои ги формиравме група Изотопи. Школото ни купи гитари, од втора година. Бевме мераклии за музика, свиревме игранки – вели  Бегинов.

За нивната популарност во еден глас посведочија и потврдија нивните соученички Савка Виларова,  Виолета Барбутова, Јана Прпева.

Од нив немаше подобри фраери што пееја и свиреа.  Бевме сложна генерација и кога  бегавме од час бегавме  сите, без исклучок. Хемиска е  тешка школа, завршивме  општ смер. Во генерацијата имавме ученици од Прилеп,  Куманово, Скопје, Пехчево, Делчево.  Седеа во Интернат  и многу од нив не дојдоа денес на оваа дружба – рекоа во еден глас  Савка, Виолета и Јана.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати