Пет стипендии за студентите, од Ротари клубот Велес

Петар Печков

Ротари клубот од Велес ќе го финансира студирањето на петмина бруцоши од градот.  Вчера беа доделени петте стипендии. Ротаријанците нагласија дека нивното внимание е насочено кон служба на новите генерации со цел младите да се стекнат со лидерски вештини и способности .

Стипендијата се однесува на комплетното нивно студирање во траење од четири години.  Изборот на стипендистите го направиме преку нивните матични  средни училишта, каде го завршиле средното образование. Оценивме дека тоа се квалитетни, солидни ученици  на кои од финансиски причини им беше потребна нашата помош. Со ова даваме скромен придонес во нивната надградба, за да по дипломирањето станат успешни членови на заедницата.   - изјави Живко Пренџов претседател на Ротари Клуб Велес. 

Ова е втора година како доделуваат стипендии, мината година било за прв  пат и имало еден бруцош, годинава се пет. Стипендии им беа доделени на Златка Досевска, Ѓорги Целцев,  Илијан Лазаревски,  Борче Цветков и Мартина Јорданова.  Сите се на Меѓународниот Славјански факултет од Свети Николе.     

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати