Пет дена по ред во Велес високи концентрации на ПМ 10 честички

Петар Печков

Пет дена по ред, воздухот во Велес има повисоки концентрации на ПМ 10 честички, и тие се над дозволените граници од 50 микрограма на метар кубен.   Токму поради ова а во согласност со законската регулатива, Министерството за животна средина информира дека во Велес е надмината граничната вредност. 

Согласно заклучокот донесен на 108-та седница на Владата на Република Македонија на која е усвоен предлог прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 50 g/m3 во текот на пет последователни денови) ве информираме дека  на мерното место Велес 2  истиот е надминат, како   и  на мерните места Куманово, Лисиче, Ректорат –Скопје  и Кавадарци. Ова е информација која Министерството за  животна средина ја дистрибуираше преку Центарот за известување.  

За мерното место  Велес 2,  претходните денови измерени се следни вредности:    

За 09.12 - 76.26

За 10.12 - 87.67

За 11.12 - 95.22

За 13.12  -160.43

За 14.12 - 187.28

За појаснување на јавноста. Постои  праг на информирање и праг на алармирање. Првиот  е доколку има пет последователни денови со повисоки вредности од граничните  50 мг на м3 а алармантно ако 10 последоветлни денови има загадување од 100 мг на м3 . Во првиот случај  се информира јавноста и се предлагаат краткорочни мерки што треба да се преземат, доколку е алармантно треба да се преземат и спроведат  мерки од локалната власт портив  загадувањето. Од Општината ја следат секојдневно состојбата    преку мониторингот на Министерството за животна средина.  

Од локалната власт на Општина Велес, пред неколку дена ги објавија мерките со кои треба граѓаните да  влијаат на згадувањето на воздухот. Дел од нив се:  Забрането е  користењето   на несоодветни и опасни материјали -гуми, пластика, делови од мебел и материјали премачкани со боја и лепило, отпадна масло од автомобили  е забрането  за греење. Палењето оган на отворено, палењето контејнери или стрништа е забрането. трговските и угостителските субјекти дека доставувањето и однесувањето на стока до објектите, надвор од одредениот режим утврден со Одлука е забрането. Да се врши редовно чистење на оџаците. Полицијата  да ги упати на дополнителен технички преглед сите возила, посебно тешките товарни возила -камиони и автобуси, кои не ги задоволуваат основните стандарди за емисии на загадувачи материи во воздухот- стои во донесениот пишан документ. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати