Пепи Кирка најмустаќ на Велес во Мовембар (фото)

Петар Печков

Со ,,симпозиум,, одржан вокафе бар  ,,ПАБ,, велешани  по четврти пат  ги избираа најмустаќ на градот.    Победи Пепи Кировски Кирка а за најчурук мустаќ   е  тој на Дејан Митров.  Така   и овој ноември, дел од помладата велешка популација го организира Мовембар, англиска кованица од мустаќ и ноември.

На овој начин заврши  кампањата за подигање на свеста за заштита од т.н. машки болести,рак на простатата и рак на тестисите. Затоа членовите на здружението  цел месец носеа мустаќи, да го привлечат вниманието на јавноста.    

Преку добра забава успеавме кај младата популација во Велес да  ја испратиме пораката за здравје и  превентива од машките болести. Целта е исполнета  - изјави   Ѓорѓи Нанов еден од стотината млади велешани кој цел месец носеа мустаќи.

Освен што се забавуваа избирајќи мустаќ на месецот, забавата имаше хуманитарен карактер.  Средствата од забавата, продажбата на маички и други сувенири дополнително ќе решат кому од градот ќе ги донираат. 

 Велешкото движење Мовембар собраните средства од нивната активност во ноември лани, ги предаде на Зоран  Димов државен првак во маратон, кој е повреден во сообраќајка.  

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати