Пазарџиите се враќаат на пазарот

Петар Печков

Пазарџиите се враќаат на пазарите. Ова откако Coбранието во рамки на 81. седница изгласа измени и дополнувања на Законот за трговија на зелените пазари. Одложувањето на примената доаѓа по жестоки реакции на јавноста за неодржливоста на премиената на новото Законско решение.  Со ова се излегува во пресрет на пазарџиите и се најавува дека ќе се носи законско решение со кое ќе бидат задоволни сите засегнати страни.

До 1 јануари 2020 година се обврзавме сите, дека заедно ќе донесеме решение со кое сите страни во овој  случај – организаторите на пазари, пазарџиите, прекупците,  производители, но пред се консументите на пазарот, да бидат задоволни. Ова законско решение сметаме дека тоа не го направи, рече Диме Велковски од СДСМ.

Донесеното законско решение  со кое се регулираше работата на пазарите било по предлог од страна на неколку пратеници. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати