Откриени крадци кои одзеле два метални сефа ама побегнале

Петар Печков

МВР информираше за настан кој се случил ноќта помеѓу саботата и неделата, кога двајца крадци  украле два сефа но биле откриени. При бегството го нападнале чуварот на објектот.  Полицијата во потрага по сторителите.   

На 09.12.2018 година околу 00,45 часот било пријавено дека во објект на кланица, лоциран на стариот пат на излезот од Велес кон Градско четири лица насилно го отвориле прозорецот и одзеле два метални сефа. Лицата биле забележани од чуварот И.Т.(48) од Велес, но физички го нападнале и избегале- информираа од МВР.

Полицијата  презема мерки за  расчистување на случајот.  Полицијата не соопштува дали крадците побегнале со двата метални сефа

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати