Осуммина оздравени, петти ден по ред нема позитивни на ковид-19 во Велес

Петар Печков

  
Пет дена по ред нема случај на велешанец позитивен на квоид-19. Од петокот до денес, вторник не е регистриран ниту еден случај, информираа од Центарот за јавно здравје Велес. Заклучно со денес во Велес и велешко има 40 активни случаи на позитивни на ковид-19. 


Продолжениот празничен викенд дури осуммина велешани се водат како оздравени. Тројца се од клиниките во Скопје, тројца кои биле во домашни услови и двајца од Инфективното одделение на велешка Болница.  Сите тие биле два пати по ред негативни на земените брисеви, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

На инфективно одделение при велешката Болница згрижени се 18 пациенти сите позитивни на ковид-19.  Еден пациент вчера попладне поради влошување на здравствена состојба е пратен на Клиника за инфективни болести во Скопје. Во текот на вчерашниот ден се пуштени дома два пациенти  кои претходно биле позитивни на ковид-19 а денес е пуштен уште еден пациент. Сите тие имале два негативни бриса информираше др.- Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес. .

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати