Освен пченка до година и сончоглед ќе се одгледува по системот ,,капка по капка,,

Петар Печков

 Со неколку кратно повисоки приноси на пченката, откако се воведе системот ,,капка по капка,, земјоделците во Македонија повторно почна да ги засејуваат површните со оваа житна култура.  Проект се реализира со финансиска помош од  програмата на УСАИД и Швајцарската влада.    

Како резултат од воведувањето на овој систем, приносите на пченка се зголемени и до четири пати од 3-4 тони до 15 тони. Еден од корисниците на средствата  е и Фадил Фиуљанин од Градско, кој не го криеше задоволството од ефектите. 

Презадоволен сум од  добиената реколта. Со овој проект ни овозможија приход двојно повисок од претходно. До оваа година садев еден хектар за силажа, добивав до 6 тони, сега со новиот систем капка по капка, дојдов до 15 тони. Вложив севкупно 500 евра а добив многу повеќе од претходните години - објаснува    земјоделецот  Фиуљанин.  

Неговите резултати и на останатите  земјоделци кои работеа, беа презентирани на средбата со фармерите од Повардарјето, која се одржа во Велес.   Тие бесплатно го добиваат системот кој чинеше 2,5 илјади евра а во регионот беа доделени 15 такви системи. 

Слушнав преку познати дека во Пелагонија овој проект дал добри резултати, па аплицирав и го добив.  Како почетник стигнав до принос од 12 тони, наспроти трите што претходно ги имав како род. Ова ми прави среќен и задоволен, Ги почитував протоколите за работа, ги следев советите на надлежните и има резултати  -  рече  Ферхан Биберовиќ од велешко Горно Оризари.

Рекордот во Повардарјето го има  Глигор Алексов од селото Камен Дол, општина Росоман каде пченката роди со 17 тони од хектар.  За да го добијат системот, земјоделците требаше да имаат и најмалку пет  молзни крави.  На тој начин посредно,  со одгледување на пченката  се враќа и млеко -производството и сточарството. Добрите  годинешни резултати беа причина  за следната година во проектот ,,капка по капа,, освен пченката да се вклучи и сончогледот.  

Работиме во четири региони во Македонија, Вардарски, Северо-источен, Пелагониски и Полошки. За оваа година што измина дониравме 70 системи капка по капка  за одгледување на пченка. До година  програмата се проширува  на 160 хектари  од кои 120 се за пченка а 40 се за сончоглед. Ова е новина , бидејќи овие две култури се комплементарни и се препорачува ротација. Сакаме да го вратиме одгледувањето на сончоглед по македонските полиња, каде историски го имало.   Познато е дека Македонија е зависно увозна земја за сончоглед  и пченка и сакаме да дадеме наш придонес за  враќање  на овие две основни култури од кои зависат многу други  сектори, како што се млеко-производството,  живинарството, свињарството, сточарството.  Со воведувањето на нови технологии,  во пракса покажуваме дека можно е повисок принос   - рече Мартин Трајчев од проектот експанзија на мали бизниси при УСАУД.  

 За оваа година што завршува за проектот се одделени 400 илјади долари Крајната цел е по пет до шест години,  Македонија  да не биде така силно зависна со увоз на  пченка и сончоглед.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати