Оризарци со сопствени средства извршија проширување на патот од влезот во населбата (видео)

Петар Печков

Оризарци со сопствени средства извршија проширување на патот, на влезот во населбата.  Се прошири патот од железничкиот премин, се до влезот во населбата, кој беше тесно грло.

„Се изврши проширување на главниот пат за Оризари. Парите сами ги собравме од граѓаните а повеќето се од сонародниците  кои што живеат во Австрија. Тие секоја година организираат Оризарска хуманитарна вечер, каде што се донираат средства и се инвестираат во инфраструктурата каде што е приоритет“ - изјавија од иницијативниот одбор.

Асфалтирани  се 450 квадратни метри проширување на пат, комплет ископ,бетонски работи и асфалтирање, вградени се 300 метри ивичњаци, изграден е бетонски ѕид во должина од 60 метри висина еден метар. Проектот и изведбата вредат  15.750 евра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати