Општински натпревар по Црвен крст во Младински

Петар Печков

Претпладнево во Младинскиот  парк се одржа  43-тиот Општински натпревар по прва помош кој  го организираше  Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес.

Учествуваа петте основни училишта од градот  и четирите средни. 

Во конкуренција на младинци, средни училишта  победија учениците од  Гимназијата  Кочо Рацин и тие како победници ќе учествуваат на републичкиот натпревар.

Кај основците најдобри беа учениците од ОУ Васил Главинов.   Во оваа конкуренција  нема  натпревари на републичко ниво.

Оценувањето на учесниците беше од  страна на  доктори активисти на Црвениот крст.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати