Оздравени 45 пациенти, ново заразени во велешко од корона вирусот 16

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, сабота во велешко се оздравени се 45 пациенти позитивни на ковид-19 а  регистрирани 16 нови случаи. Или  активни се 363 случаи а досега  од корона вирусот  се заразиле 2.948 лица. Починати oд последиците на ковид заразата во велешко  се 97 лица

Во велешка Болница хоспитализирани се 37 пациенти, 32 на Инфективно и петмина  на Интерно одделение. Од лежечките пациенти  29 се потврдени позитивни,тројца  се  сомнителни и  петмина пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 12 пациенти. Од Болница испишани се двајца пациенти како оздравени со по  еден негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати