Оздравени 33 пациенти, ново заразени со ковид-19 во велешко се шест лица, еден починат

Петар Печков

Втор ден по ред висок број на оздравени лица  и едноцифрен број на ново заразени. Денес, недела Министерството за здравство објави дека во велешко  се регистрирани шест   нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 33.Или активни се 335 случаи а досега  од корона вирусот  се заразиле 2.954 лица.

Утрово е починат  еден пациент на 66 годишна возраст, позитивна на ковид-19, лекуван на Инфективно одделение две недели. Тој е 98-та жртва од последиците на корона вирусот.  

Во велешка Болница  хоспитализирани  се 40 пациенти , од нив Инфективно   одделение 34 на Интерно шест. Од  овие лица 30 се потврдени позитивни,три сомнителни и  седум пациенти се  со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти.

фото Александар Манев

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати