Од последици на ковид-19 почина поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски

Петар Печков

Вчеравечер околу 22 часот почина Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, објавија од фамилијата.

Тој бил позитивен на ковид-19 и починал поради настанати проблеми предизвикани од корна вирусот. Се лекувал на Инфективна клиника во Скопје.

Претходно беше хоспитализиран на Инфективно одделение од велешката болница, од каде на 14-ти октомври  е префрлен на лекување во Скопје.

Тој беше началник на СВР Велес во периодот на техничката Влада, во првата половина на годината.

Ангеловски е 27-ма жртва на ковид-19 во велешко, единесетти за седум дена од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати