Од недела 26 октомври, зимско сметање на времето

Петар Печков

Летното сметање на времето завршува во ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а стрелките на часовниците се поместуваат еден час назад. Во недела, на 26 октомври, стрелките треба да се вратат еден час назад, односно од 03:00 на 2:00 часот. Зимското сметување на времето почнува последиот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Русија го укина зимското сметање на времето целосно во 2011 година.

Исланд е единствена европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што сметаат дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако тоа се правда со економски пресметки.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати