ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес го одбележа роденденот

Петар Печков

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Велес ја одбележа годишнината од формирањето. На прес конференција претседателот Игор Здравковски потсети на тогашните времиња и денешните на партијата. 

На вчерашен ден  21 јули1990 година, од страна на неколку тогаш млади луѓе беше формиран општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Пред 29 години, во речиси исти услови како денешниве, овие луѓе кои и сега сеуште се меѓу нас, свесни за можните последици од тогашниот режим кој е многу сличен со денешниот, формирале огранок на организацијата која претставува симбол на независноста, самостојноста и борбата за Македонија. Кога тие го формирале комитетот, некој од нас млад, па можеби и сеуште нероден, низ текот на годините препознал во оваа идеја искреност, упорност и чесност, препознал како треба да се работи за доброто на нашата татковина. 

Низ сите овие 29 години, низ комитетот поминале многу луѓе, многу членови кои допринеле со своето знаење, искуство и желба за подобрување на функционирањето на партијата и државата. Комитетот добивал и губел многу битки, но најважно е секогаш да покажеме желба, истрајност и цврстина со идејата за добивање на вековната борба која е аманет од нашите предци. 

Сме трпеле неправди, сме биле притискани, омаловажувани, обесправени, но секогаш сме успевале да испаднеме се посилни и посплотени, и токму тие карактеристики биле оние што не одржуваат сите овие години заедно и решени да продолжиме со работата. 

Чест и гордост ми е што сеуште основачите, поранешните функционери и најверните долгогодишни членови се сеуште тука со нас, да ни даваат знаење, сила, мотив и енергија да продолжиме заедно. 

Ќе дојдат нови, подобри години, ќе дојдат нови генерации, ќе дојде правдата и ќе се почитува гласот на народот, и се надевам дека целата оваа наша организација ќе има континуитет, како што има континуитет идејата за независна и обединета Република Македонија - порача Здравковски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати