Нов концерт на метал групи во Солун (фото)

Петар Печков

Вчеравечер, петок,   во Principal Club Thetaer  во Солун се одржа  концерт на Британците Carcass.

Овој легендарен метал состав од Ливерпул постои од 1986-та година и во фантастична пеколна атмосфера во преполната сала се претстави со последниот албум Sugrical Steel, како и со дел од   материјалот од  нивните претходни изданија.

 Како нивна пред група настапи грчкиот метал бенд  Head Cleaner. На концертот имаше околу 50-тина Македонци и неколку велешани, фанови на оваа музика.  

ТРМР дознава дека култната велешка група Парализер е во договори да сними заедничка песна со Британците Carcass.

Од Солун  специјално за ТРМР Борче Стојанов

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати