Ново бележење на пешачките, ама само навечер

Петар Печков

 Бележењето на пешачките премини во Велес, во текот на вчерашниот ден предизвика бура од реакции кај велешани. Тие не беа задоволни што се работи преку ден, што дополнително го отежнува и така густиот сообраќај на главните градски улици. 

Се создаваа огромни колони,  редици автомобили, нервозни возачи кои легнуваа на сирените. Станарите од централното градско подрачје оваа состојба ја дефинираа како неподнослива. Надлежните од локалната власт пак по ваквиот зафат, ги прегледале договорите и  констатирале дека фирмата изведувач работи надвор од потпишаното.

Со договорот фирмата ,,Бојта инг,, треба да работи во ноќните часови. Не ни е познато зошто се решиле да работат дење, иако со години наназад се бележеа  во вечерните. Затоа дадов налог да се работи после 19 часот со тоа што сите досега сработени пешачки премини, ќе се бележат повторно – рече Славчо Чадиев градоначалникот на Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати