Нови 16 случаи на позитивни на ковид-19 и 10 оздравени, во велешко

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, вторник во велешко има 16 лица ново заразени со ковид-19,  а 10  се оздравени. Активни се 218  случаи а досега се заразиле 3.374  лица.

Од  последиците на корона вирусот, во велешко починале 110  лица од велешко.

Во велешка Болница се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 30 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и  тројца  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет  лица.  На Инфективно одделение се сместени 30  а на Интерно четворица  пациенти. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати