Нова канонада од голови на фудбалерите на Борец

Петар Печков

 Стартуваше Првата футсал лига а екипата на КМФ  Велес во првото коло во Тетово, против екипа ана СЕЕУ победи со 7:4. Во второто коло в сабота  дома, играат против е екипата на Чико. 

Во второто коло од  Третата лига Југ, велешките екипи останаа непоразени.  Борец продолжува со ефикасните игри и овој пат повторно со високи 7:0 победи, дома над екипата над Напредок од Крушејане – прилепско. Така по две кола имаат гол разлика  од 15:0. Превалец исто така забележа втор  победа, дома над Питу  Гули до Крушево со 3:2.  ФК Гемиџии кој го презеде бизнисменот Кочо Анѓушев одигра без голови во  Дојран, против Дојранско езеро кој во првото коло беше декласиран од Борец со 8:0.   Во третото коло Борец гостува  на 11-ти Октомври во Прилеп, Превалец на  Партизан во Обршани а Гемиџии играат дома со  Младост од Удово. 

       Се одигра и второто  коло од Општинската фудбалска лига. 

Мартолци  - Башкими 3:2

Бирлик –Горски      4:1

Младост – Бабуна 0:2

Мак. Сонце – Форца Нова 5:1

 Илинден БС – Тополка  3:2

Слободен беше  Интернационал

             Трето коло:

 Форца Нова – Младост

 Тополка – Мак. Сонце

 Башкими – Бирлик

 Интернационал – Мартолци

 Горски – Илинден БС

 Слободна  Бабуна 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати