Нова жртва на ковид-19 вирусот, почина жителка на Бузалково

Петар Печков

Во текот на изминатите 24 часа нема ново заразен со ковид-19 во велешко, а има еден случај на починато лице. Починатото е едно од 11-та што до денес ја загубија здравствената битка за живот, со корона вирусот.  Оздравени се водат 112 лица а активни 29.
 
Починатата  е пациентка од село Бузалково,  на седумдесет годишна возраст, која  беше примена на Инфективно одделение со тешки здравствени проблеми, со респираторна поддршка  и по неколку часа на 2-три јуни итно беше префрлена на ГОБ 8-ми Септември во Скопје. Во текот на вчерашниот ден имаме едно лице  од  населба Чашка, кое се  води како оздравено по  два негативни теста  од земените брисеви- изјавија од Центарот за јавно здравје. Досега во велешко починаа 11 лица а како оздравени се водат 112. Во петокот попладне имаше еден случај на нов позитивен со ковид-19. 

Денес на Инфективното одделение од велешката Болница според портпаролот д- Весна Николоска Неделкова има сместено 13 лица, од кои 10 се потврдено позитивни и за три се чекаат резултати. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати