Нова десетта жртва за седум дена од ковид-19 на Инфективно одделение

Петар Печков

Утрово почина пациент позитивен на ковид-19, кој бил на лекување на Инфективното одделение од Велешката Болница.  Лицето било свештеник на Повардарска Епархија од МПЦ-ОА.

Утринава околу 8,30ч. починат е маж, на 58 годишна возраст од Богомила. Примен е на 22 октомври со позитивен тест  за ковид-19 и е на кислородна поддршка од приемот- информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес  

Ова е 26-та жртва од ковид-19 пандемијата во велешко, и десетта за седум  дена. На Инфективно одделение до утрово биле хоспитализирани 41 пациент, 32 се потврдено позитивни, девет сомнителни а 15 пациенти се на кислородна поддршка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати