Нова генерација дипломирани студенти и магистри на Техничко-технолошки факултет од Велес

Петар Печков

Петата генерација завршени студенти на  Техничко-технолошки факултет од Велес со дисперзирана настава во Битола и Кичево,  денес  беа промовирани 40  дипломирани студенти – инженери по прехранбена технологија и биотехнологија и нутриционисти  и  5 -мина магистри по безбедност  на храна и нутриционизам.

Дел од нашите студенти успеваа да најдат вработување во соодветни институции.  Очекуваме и се надеваме дека во иднина уште повеќе ќе се бараат овие кадри, оти акцент на 21 век е здрава исхрана.    Бараме нутриционизмот да  биде  воведен  како  предмет во основното образование, за  да не се  судруваме со  проблеми  со процеси на здебеленост, коморбидитет, со заболувања. Кадрите од  прехранбена технологија   и  биотехнологија си   наоѓаат свое вработување, но сметаме дека компаниите можат да  бидат уште повеќе  отворени – изјави деканот Валентина Павлова.

Во оваа високо образован институција има можност за добивање звање и доктор на науки, по насоките иновативни технологии и нитурционизам.  При доделувањето на дипломите, можеше да се констатира дека повеќето од завршените студенти се без работа, на листата на чекање во Агенцијата. 

Еден од  нив  две години и преку лето работи  во Германија. Дел пак веќе биле вработени а дипломата им е потребена за стручноста  во работата. Една од малкуте која е вработена, токму во струката е скопјанката Анета Николовска која е дипломирана инженер нутриционист.

Завршив Правен факултет во Скопје, работев во некои  фирми, но тоа не ме исполнуваше. Затоа се решив да се запишам на  Техничко-технолошки факултет а сега сум и на магистратура.  Долги години пред се на себе го применувам  здравиот начин на живеење, планинар сум. Сакав да се до обучам, има доста сертификати, меѓутоа факултет е факултет – рече Николовска.

Таа работи во фирма која  работи на составување на дневно мени во неколку фабрики во Македонија, како што се  Дрекселмаер, Маркард.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати