Неделното невреме искорна повеќе дрвја во градот (фото)

Петар Печков

Во неделата попладне Велес го зафати невреме пороен дожд, со град и силен ветер. Тоа предизвика пореметување за редовниот живот и сообраќај во градот.

На неколку локации во градот стари дрвја се паднати од временските неприлики. Вработените на ЈКП Дервен во понеделникот ги отстранија од јавните површини и среќна околност е што нема предизвикано штети.

Се отстранија  неколку паднати дрвја по невремето во неделата. Дрвјата беа паднати  на следните локации: парк кај автобуската станица, кај училиштето Благој Кирков, во Долни Дуќани и на ул. Благој Ѓорев - информираа од ЈКП Дервен. 

Од наносите на земја и шут, собрани се повеќе трактори смет. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати